Ракомет
Македонските ракометари ги дознаа противниците за Медитеранските игри во Тарагона
Ракометните репрезентации на Македонија во машка и женска конкуренција ги дознаа имињата на своите ривали во групната фаза на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Тарагона, Шпанија од 22 јуни до 1 јули.
Мажите ќе играат во групата Д, каде ќе ги измерат силите со Србија, Египет и Турција.
Дамите пак ќе бидат во слично друштво, откако во групата Б ќе спорат со Египет, Србија, Црна Гора и Турција.
Кај мажите има три групи со по три репрезентации, додека една е со четири, а тоа е групата каде се наоѓа Македонија.
Кај дамите има две групи со по пет селекции.
Во претходниот настап на Медитеранските игри, кои се одржаа во Мерсин, мажите завршија на осмото место, додека женската репрезентација беше деветта во конечниот пласман.
Медитерански игри 2018, ракомет:
Мажи:
Група А: Словенија, Црна Гора, Тунис.
Група Б: Хрватска, Италија, Алжир.
Група Ц: Шпанија, Грција, Португалија.
Група Д: Македонија, Египет, Србија, Турција.
Жени:
Група А: Шпанија, Словенија, Грција, Италија, Португалија.
Група Б: Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Египет.