Connect with us

Фудбал

Македонските селекции без пораз ги завршија настапите во Измир

Македонските кошаркарски репрезентации до 14 и до 15 години со максимален учинок од по три победи го освоија првото место на камп-турнирот кој во изминатите четири дена се одржа во Измир, Турција.

– Поради промена на системот на натпреварување, финалните натпревари не се одиграа, туку победникот се водеше според ранг на табелата, информираа од МКФ.

Првиот ден, Селекцијата до 15 години си ги одмери силите со Ege Asist Spor Kulübü и запиша победа од 47-73. Селекцијата до 14 години, запиша победа од 60-30 против Ege Asist (04) A.

Вториот ден, нашите национални селекции победија против екипите на Младост од Земун. ’Постарите’ (М15) славеа со 62-41 додека помладите кошаркари (М14) славеа со 41-32.

Последниот ден генерацијата до 14 години разигруваше против Number One и победи со 63-16. Помладата генерација, до 15 години, одигра натпревар против Младост од Земун и победи со 75-50.