Connect with us

Други спортови

Македонците од Специјална Олимпијада од Берлин се враќаат со пет освоени медали

Атлетите од Специјална Олимпијада –Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Со одличје се закитија:

Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Јулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Стефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија 100 метри грбно
Марио Мицковски – бронзен медал, пливање, категорија 100 метри слободен стил
Јане Никодиновски – бронзен медал, бадминтон

На Игрите кои се одржаа од 17 до 25 јуни учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји.

-За мене, секој член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Македонија.

 

На Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) македонската делегација ја преставуваа 13 атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.