Фудбал
Макрон им држеше „мачо“ говор во соблекувалната, но малкумина го слушаа (ВИДЕО)
Францускиот претседател Емануел Макрон отпатува во Катар за да присуствува на финалето на Светското првенство меѓу неговата земја и Аргентина, но за разлика од пред четири години кога се радуваше, овојпат немаше радост на неговото лице. Тој слезе на теренот и ги тешеше своите играчи, можеби сакаше премногу слава за себе знаејќи дека ова е бесплатна телевизиска реклама, но не заврши со тоа…
Макрон се симна во соблекувалната на француските фудбалери кои сакаа само момент за себе, да го преболат тешкиот пораз во финалето од Аргентина, но Емануел Макрон си даде право да одржи говор пред нив – што набрзо го виде целиот свет бидејќи го сподели на неговиот Твитер.
На видеото може да се видат целосно очајни француски фудбалери кои едвај чекаат Макрон да го заврши својот говор, а се чини дека малкумина го слушаа. Макрон се обиде да одржи „мачо говор“, постојано плескаше со рацете додека владееше целосна тишина, а на крајот го прегрна тренерот Дидие Дешамп и доби млак аплауз. За да ги разберете емоциите кои владееле во соблекувалната во тие моменти, не треба ни француски да знаете, доволно е да погледнете:
Fiers de vous. pic.twitter.com/9RMjIGMKGU
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 18, 2022