Connect with us

Кошарка

Макси договор за Кемба Вокер – Бостон ќе му плати 141 милиони долари за 4 години


Кемба Вокер ќе биде нов плејмејкер на Бостон селтикс, а еден од најдобрите клубови во НБА лигата му понудил максимален договор од 141 милони долари за 4-годишен договор.
Вокер имаше одлична сезона во дресот на Шарлот хорнетс и е еден од најдобрите плејмејкери во НБА, со просек од 25.6 поени по меч.
Договорот ќе биде официјално потпишан утре со почетокот на преодниот рок во НБА лигата.
Вокер, кој е роден во Бронкс и има 29 години беше избран од Шарлот хорнетс како деветти пик на драфтот во 2011 година и Бостон ќе му биде вториот НБА клуб во кариерата.
 
.

Извор: Sportmanija.mk