Фудбал
Малдини во обид да го убеди Ибрахимовиќ да биде како него
Златан Ибрахимовиќ иако има 39-години сепак навистина игра во фантастична форма. Со неговите два гола му донесе победа на Милан над Интер. Неговото присуство во тимот е од големо значење, не само поради головите, туку и поради начинот на кој влијае врз останатите фудбалери за подигање на нивната самодоверба.
Поради тоа Милан подготвува нов договор. Актуелниот му истекува следната сезона, а доколку прифати продолжување тогаш Швеѓанецот во Милан ќе наполни 41 година. Преговорите со неговиот менаџер ги води спортскиот директор Паоло Малдини кој исто така играше до својата 41 година во дресот на Милан. Дали Ибра ќе го повтори учинокот на легендарниот капитен останува да се види.