Фудбал
Малком веќе не знае што да прави: Сега има ново барање!
Дали се сеќавата на оној фудбалер кој во последен час ја изигра Рома и наместо на аеродромот во Рим слета во Барселона?
Поранешниот фудбалер на Бордо Малком толку „многу“ се изнаигра во Барселона што заборавивме дека воопшто потпишал, а се пореални се шансите дека неговата епизода на „Ноу Камп“ би можела да заврши уште во јануари.
Според она што г опишуваат шпанските медиуми, Малком сега побарал да замине од клубот, што веројатно е реална опција затоа што е тешко да се поверува дека во Барселона се задоволни од она што го покажа. Наводно веќе поднел барање за трансфер.
И кога потпишуваше за Барса, за Малком постоеше сомнеж дека Барселона сепак е преголем залак во овој момент. Бразилецот има 21 година и нема големо искуство во играњето фудбал на врвно ниво, а го поремети и повредата која ја здоби непосредно по доаѓањето.
За Барселона во лигата има одиграно 25 минути, па ќе биде интересно да видиме што ќе се случи со овој играч.