Connect with us

Фудбал

Малолетници не смеат да работат пред 6 часот наутро и по 20 часот навечер во Германија, вуднеркидот на Хамбург ќе чека друга прилика за настап

Германија си има свои закони кои мораат да ги почитуваат дури и фудбалерите. Еден од нив е дека малолетници не смеаат да работат пред 6 часот наутро и по 20 часот навечер.

Токму тој закон е причина 17-годишниот Јан-Фиете Арп големиот талент на германскиот фудбал вечерва да биде изоставен од составот на Хамбург за дуелот со Фрајбург во Бундес лигата.

Од Хамбургер побараа дозвола Арп сепак да биде во тимот за овој важен меч за Хамбургер и се чека одговор од одговорните. Ваквиот проблем на младиот играч ќе заврши на 6 јануари, кога ќе наполни 18 години и ќе има право да игра фудбал и во вечерните термини.