Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го доби лудиот меч на „Еланд Роуд“, пласманот во ЛШ не е сон (ВИДЕО)

Многу возбудлива и интересна пресметка на „Еланд Роуд“ одиграа Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед.

Поради дождот, силниот ветер и натопениот терен, условите за игра беа далеку од идеални, но тоа не ги спречи играчите на двата состави да одиграат одличен натпревар.

Беа постигнати шест гола, а големите три бода во борбата за пласман во Лигата на шампионите ги однесоа „Црвените ѓаволи“ со триумф од 2:4.

По првото полувреме се чинеше дека гостите ќе слават рутински триумф. Имаа 0:2. Погодија Мегваер и Фернандеш за прилично сигурно водство.

На стартот од второто полувреме лудите 60 секунди на Лидс Јунајтед. Домашните фудбалери успеаја да израмнат преку Родриго кој постигна феноменален гол и Рафиња.

Во 67. минута Ралф Рангник го извади Погба од игра и го внесе Фред. Бразилецот ќе стане херој на победата на гостите во преостанатиот дел од натпреварот.

Фред со своето влегување го препороди средниот ред, а во 70. минута постигна убав гол за ново водство на гостите.

Победникот беше решен во 89. минута кога уште еден резервен играч Еланга ја затресе мрежата на Лидс Јунајтед на асистенција на Фернандеш.

Инаку, во текот на натпреварот беше многу тензично и на теренот и на трибините. Домашните навивачи во една ситуација успеаја да ги погодат играчите на Јунајтед, додека во финишот имаше искри, но сето тоа заврши без исклучување. На крајот беа забележани дури девет жолти картони.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore