Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го контактираше новиот кандидат откако беа одбиени од Зидан и Енрике

Манчестер Јунајтед синоќа и официјално потврди дека Оле Гунар Солскјер добил отказ.

„Црвените ѓаволи“ вчера беа поразени со 3:1 на гостувањето кај Ватфорд, по што беше јасно дека норвешкиот стручњак тешко ќе остане на клупата на овој клуб.

Солскјер по натпреварот се прости од играчите на Манчестер Јунајтед, а набргу потоа стигна потврда од Олд Трафорд дека е отпуштен.

Веднаш се појавија шпекулации за тоа кој би можел да биде новиот тренер на Јунајтед, а клубот прво стапил во контакт со Зинедин Зидан кој ги одбил.

После тоа и Луис Енрике почна да се поврзува со Јунајтед, но јасно е дека од неговото доаѓање нема ништо.

Моментално во центарот на вниманието е Ерик тен Хаг, кој е тренер на Ајакс и веќе во неколку наврати се поврзуваше со Јунајтед. Холандските новинари го прашаа Тен Хејг дали оди во англиски клуб, но тој рече дека не знае ништо за тоа.

„Да ви го кажам ова. Не знам ништо и сè уште не сум слушнал ништо за тоа, затоа и воопшто не се грижам за тие приказни“, изјави Тенг Хаг.

Манчестер Јунајтед е во многу тешка ситуација бидејќи нема многу проверени тренерски имиња кои се заинтересирани да го преземат тимот од „Театарот на соништата“ во многу деликатна ситуација.

Реклама

Facebook

Реклама