Фудбал
Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Санчо
Англискиот репрезентативец Јадон Санчо сега е официјално новиот играч на Манчестер Јунајтед.
Санчо потпиша договор со Јунајтед до летото 2026 година и доаѓа од Борусија Дортмунд во голем трансфер. Во Германија, тој постигна 50 погодоци со 64 асистенции во четири сезони во Бундеслигата.
„Јас секогаш ќе бидам благодарен на Дортмунд што ми даде можност да играм фудбал во сениорска возраст, иако секогаш знаев дека ќе се вратам во Англија еден ден. Шансата да се приклучам на Манчестер Јунајтед се оствари и едвај чекам да играм во Премиер лигата. Ова е млада и возбудлива екипа и знам дека заедно можеме да се развиеме во нешто посебно што ќе донесе успех каков што заслужуваат навивачите. Со нетрпение очекувам да работам со менаџерот и неговите помошници “, рече Санчо.
You love to see it ?#MUFC @Sanchooo10 pic.twitter.com/QvQ1ibfRGv
— Manchester United (@ManUtd) July 23, 2021
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер исто така е задоволен од доаѓањето на младиот напаѓач.
„Јадон е вид на играч што сакаме да го донесеме во клубот. Тој ќе биде составен дел од мојот тим за следните години и со нетрпение очекуваме да гледаме како напредува. Неговите записи за гол и асистенција зборуваат сами за себе, а исто така ќе донесат огромно темпо, сјај и креативност во играта на Јунајтед“.
„Олд Трафорд ќе му обезбеди платформа што му е потребна за да го ослободи својот неискористен талент и да настапи на највисоко ниво. За играч на негова возраст, Џејдон веќе постигна многу и покажа храброст да замине и да се докаже во странство. Сите со нетрпение го очекуваме неговото доаѓање во клубот“, додаде Норвежанецот.
Клубовите не излегоа со бројки, но се верува дека трансферот на Санчо од Борусија во Манчестер ќе чини околу 90 милиони евра.