Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го сака Трипие, но парите се проблемот

Англискиот интернационалец, Киран Џон Трипиер, е цел на Манчестер Јунајтед.

Англискиот великан влегува во новата сезона со високи амбиции, а за да ги постигне, треба дополнително да го засили својот тим.

Неколку играчи се цел на „црвените ѓаволи“, а еден од нив е Трипиер, кој игра за Атлетико Мадрид од 2019 година.

Странските медиуми пишуваат дека „Црвените ѓаволи“ се загреани за услугите на овој фудбалер, и дека се подготвени да започнат преговори со неговиот клуб, но во исто време наведуваат дека проблем за трансферот може да биде надоместокот за барањето на актуелен шампион на Шпанија.

Наводно, Атлетико нема ништо против заминувањето на Трипие, но не сакаат да го пуштат за помалку од 35 милиони фунти, што Јунајтед во моментов не може да ги плати.

Трипиер пристигна во Атлетико во 2019 година од Тотенхем, а во кариерата играше и за Барнсли и Барнли како позајмен играч на Манчестер Сити за кого не одигра официјален натпревар.

Тој има договор со Атлетико до летото 2023 година и одигра пет натпревари за Англија на неодамна завршеното Европско првенство.

За Атлетико одигра вкупно 68 натпревари. Тој не се запиша во листата на стрелци, а забележа осум асистенции.