Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед патуваше со авион до Лестер – Имаа добра причина

Иако Лестер е оддалечен само 175 километри од Манчестер, гостите пристигнаа со авион за оваа посета, а трите бода останаа во Лестер по победата од 4:2.

Мечот помеѓу Лестер и Јунајтед привлече големо внимание и започна во 16 часот, а англиските медиуми пишуваа за необичниот потег на гостите.

Обично, тие доаѓаат на такви посети со автобус, но овој пат мораа да „полетаат“. Летот траеше само 10 минути.

Тие го направија ова за да избегнат гужва и евентуално одложување на натпреварот.