Фудбал
Манчестер Јунајтед планира голема зимска распродажба
Во јануари Манчестер Јунајтед ќе продаде некои играчи, а дури седум би можеле да бидат на трансфер листата.
Манчестер Јунајтед донесе летово звучно засилување како Кристијано Роналдо, Рафаел Варан или Џејдон Санчо, а заминувања ќе има и во зима. Некои играчи едноставно не се во плановите на Оле Гунар Солскјер и за нив клубот е подготвен да ги слуша понудите.
На листата на „отпишани“ се Дони ван де Бик, кој во никој случај не ја оправдува улогата на засилување по доаѓањето од Ајакс, потоа Џеси Лингард, кој е на позајмица во Вест Хем, и игра многу малку на „Олд Трафорд“, потоа Фил Џонс, Ерик Бејли, Ентони Марсијал, Диого Далот и Алекс Телес.
Иако секој од овие играчи има неоспорен квалитет, тие не успеаја да се наметнат на Солскјер, иако сигурно ќе имаат можност до зима да го разубедат норвешкиот стручњак.
Секако, од играчите ќе биде побарано нешто, а клубот ќе преговара со нивните агенти во наредниот период, со цел да се најде заеднички јазик и да се донесе најдобрата одлука и за Јунајтед и за самите играчи.