Фудбал
Манчестер Јунајтед се огласи за протестот
Манчестер Јунајтед издаде соопштение по откажувањето на натпреварот.
„Црвените ѓаволи“ истакнаа дека натпреварот е одложен од безбедносни причини, но исто така истакнаа дека ја почитуваат одлуката на навивачите за протестите.
„По разговорите меѓу полицијата, лидерот на Премиер лигата и двата клуба, нашиот натпревар против Ливерпул е одложен од безбедносни причини. Новиот датум на натпреварот ќе го дознаеме во наредниот период“.
„Нашите навивачи се луди по Манчестер Јунајтед. Ние го почитуваме нивното право на слобода на изразување и мирен протест. Сепак, ние го осудуваме малтретирањето на тимот и постапките што ги ставаат во опасност другите навивачи, вработените и полицијата“, се вели во соопштението на Јунајтед.