Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед славеше 6:2, Погба тврди дека не е сè готово

Францускиот играч за врска Пол Погба верува дека не е сè готово, иако неговиот тим ја совлада Рома со 6:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската лига.

Рома водеше со 2:1 на полувремето, на крајот доживеа дебакл и се чини дека остана без финале во Лигата на Европа. Тренерот Пауло Фонсека остана без Џордан Веретут, Пау Лопез и Леонардо Спиназола во првите 37 минути поради повреди.

Како резултат, тие немаа повеќе опции во второто полувреме, па се распаднаа со текот на времето.

„Резултатот е добар, но не е готов. Мора да се фокусираме на вториот натпревар и да играме во исто толку добро издание. Во првото полувреме имавме две грешки и примивме два гола. Бевме изгубени по вториот гол“, изјави Погба рече, додавајќи:

„На полувреме рековме дека ќе ги поправиме работите, дека ќе поедноставиме сè. Сите тогаш бевме мотивирани да постигнеме што повеќе голови“.