Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед со рутинска побeда, Македонецот играше половина час на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Заврши Светското првенство, се враќаат возбудувањата во најсилните лиги. Прва почна Англија, каде на програмата беа натпреварите во Купот. Манчестер Јунајтед со 2:0 го совлада Барнли, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Чурлинов. Тој во игра влезе во вториот дел поточно во 64-та минута, откако Јунајтед го обезбеди сигурното водство, кое до крајот и го задржа.

Стрелци на головите за Јунајтед беа Ериксен во 27-ма и Рашфорд во 57-ма минута. Македонскиот репрезентативец Чурлинов имаше шанса да намали на 2:1 кога излезе сам со голманот, но неговиот удар заврши крај голот.

Резултати Карабао куп (Лига куп)

Блекбурн – Нотингем Форест 1:4

Чарлтон – Брајтон 0:0 (4:3 на пенали)

Манчестер Јунајтед – Барнли 2:0

Вечерва:

Манчестер Сити – Ливерпул 21:00 часот.