Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед загуби од Брајтон

Тимот на Брајтон забележа прв успех во сезоната на Премиер лигата, откако го победи Манчестер Јунајтед со 3 – 2. Тимот на Крис Хоутон одигра неверојатно прво полувреме, кога паднаа сите голови на „галебите“.

Глен Мареј отвори за домаќините во 25-тата минута, а Шејн Дафи зголеми две минути подоцна. Ромелу Лукаку намали во 34-тата минута, но Паскал Грос беше фаулиран во 44-тата минута во шеснаесетникот и Брајтон доби пенал. Грос застана зад топката и направи 3:1 на „Ајмекс“ стадионот.

Капитенот Пол Погба го даде конечниот резултат во 94-тата минута од натпреварот откако Маруан Фелаини беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините.

Тоа е втора победа на Брајтон над Манчестер Јунајтед откако тимот влезе во Премиер лигата, откако минатата сезона ги победија „црвените ѓаволи“ со 1:0.