Фудбал
Манчестер С. останува прв фаворит
И покрај одличните резултати и лидерската позиција на табелата, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е убеден дека Манчестер Сити и понатаму е прв фаворит за шампионската титула.

- Бидејќи сум целосно објективен ќе кажам дека фаворит е Манчестер Сити. Тие се многу добри. Актуелни шампиони и се уште играат како шампиони. Мислам дека желбата што ја гледам кај нив, откако станаа шампиони минатата година, е посебна. Ние ќе се обидеме да ги симнеме од тронот. За да успееме во тоа мора да се концентрираме на секој натпревар и да не ни биде резултатот императив. Има уште многу до крајот, изјави Клоп.