Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити дава 110 милиони евра со бонуси за Хрватот кој блесна на СП во Катар

Манчестер сити е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол. Според „Foot Mercato“ премиерлигашот дал понуда за трансфер од 110 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Дополнително, германскиот клуб може да добие 20% од сумата за препродажба на играчот.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола веќе разговарал со Гвардиол за можен трансфер. Исто така, неодамна беше одржан состанок помеѓу претставници на Манчестер сити,  РБ Лајпциг и играчот. Претходно беше објавено дека предлози за трансфер на Хрватот дале и Манчестер јунајтед (клубот понудил 90 милиони евра) и Челзи (95 милиони). Да потсетиме дека Лајпциг го купи дефанзивецот од Динамо Загреб пред година и пол за 19 милиони евра.

Јошко Гвардиол е еден од најдобрите дефанзивци на Светското првенство во Катар и навистина сите мечеви ги одигра на високо ниво. Хрватска вечерва игра против Аргентина во полуфиналето.