Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити, Интер, Тотенхем-сите се одбиени, Зидан не го дава играчот за врска, но за 1 година може да замине за НУЛА евра

Доколку може да му се верува на медиумот „Дарио Гол“, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не сака да се откаже од Лука Модриќ, барем не оваа сезона. Како што тврди овој медум во преодниот рок биле одбиени три понуди, од Манчестер Сити, Интер и Тотенхем. „Дарио Гол“ тврди дека сите заинтересирани клубови добиле ист одговор, Лука Модриќ не е на продажба.

Сепак, неговиот договор со Реал Мадрид му истекува во 2021 година, па ако не го продолжи, тогаш Хрватот за неколку месеци без дозвола на клубот може да почне преговори со некоја друга екипа.

Лука Модриќ има 35 години, но се уште игра во добра форма.