Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити не се откажува од Меси, но ја намалува понудата, сега нуди половина милијарда евра

Доколку може да им се верува на англиските, но и дел од шпанските медиуми, Манчестер Сити и Пеп Гвардиола не се откажуваат од Лионел Меси.

Наводно минатото лето кога Меси сакаше да замине од Барселона, Сити нудеше астрономски договор од 700 милиони евра, колку што стоеше во клаузулата. Сепак, на крајот Меси остана во Барселона.

Но, Сити се уште не се откажал од Аргентинецот. Наводно понудата сега е пониска од првичната, но повторно е рекордна. Подготвени се на Меси да му обезбедат 500 милиони евра за петгодишен договор.