Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити подобар од шампионот Челзи

Екипата на Манчестер Сити го совлада актуелниот англиски шампион Челзи вечерва на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0.

Голот вреден три бода за „граѓаните“ од Манчестер го постигна Кевин Де Бруин во 67.минута.

За Сити ова беше шести триумф во седумте премиерлигашки дуели оваа сезона и со вкупно 19 освоени бодови се на врвот на табелата заедно со градскиот ривал Јунајтед кој има исто толку бодови.

Челзи го претрпе вториот пораз и по 7.коло има 13 бода на 4.место со заостаток од шест бода зад водечкиот тандем.