Фудбал
Манчестер Сити продолжува со серијата победи во Англија
Водечката екипа во англиското фудбаслко првенство Манчестер Сити ја продолжи во саботата својата победничка серија, во 19-то коло ја оствари 17-та последователна победа совладувајќи го на свој терен Борнмут со 4:0 (1:0).
Двоен стрелец за Сити беше Серхио Агуеро во 27 и 79 минута, а по еден гол постигнаа Рахим Стерлинг во 53-та и Данило во 84 минута.
Сити сега има 55 бодови, дури 13 повеќе од второпласираниот Манчестер Јунајтед, а 16 повеќе од бранителот на титулата Челзи кој на гостувањето кај Евертон одигра без голови и кој во моментов е 9-ти со 26 бодови.
Претходно во саботната програма Тотенхем како гостин го совлада Барнли со 3:0 (1:0). Сите три гола за Тотенхем ги постигна репрезентативниот напаѓач Хари Кејн, во 7 минута од пенал, во 69-та и во 79 минута. Со оваа победа Тотенхем стаса на 5-то место со 34 бодови, колку има и 6-от Арсенал, додека бод повеќе има четвртиот Ливерпул, а двете екипи во петокот одиграа 3:3. Барнили сега е 7-ми со 32 бода.
Во последниот натпревар во саботата Лестер Сити и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 (1:1). Домашните во водство ги донесе Џејми Варди во 27 минута, а резултатски пресврт направи Хуан Мата со головите во 40-та и во 60 минута, а вториот гол го постигна од одлично изведен слободен удар од повеќе од 20 метри. Меѓутоа, бод на „лисиците“ им донесе Хари Мегваер во четвртата минута од судиското продолжување со голот во последните секунди од мечот и тоа со играч помалку. Јунајтед остана на втораа позиција со 42 бода, а Лестер е 8-ми со 27 бодови.