Фудбал
Манчестер Сити се мачеше со Евертон, но сепак се пласираше во полуфиналето
Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва славеа на „Гудисон Парк“ со 2:0 против Евертон во четвртфиналето на ФА купот.
Сити доминираше со топката и со својата претпознатлива игра го надигра ривалот. Сепак, Евертон се држеше навистина добро, особено во задната линија, па за гол се чекаше до 84. минута.
Илкај Ѓундгаон со глава упати една од блокираните топки во празната мрежа, па Сити избори пласман во полуфиналето на ФА купот, а таму се пласираше и Саутемптон.
Триумфот на Сити беше потврден во финишот со голот на Де Брујн по контранапад на гостите.
На преостанатите натпревари од четвртфиналето ќе се сретнат Челзи со Шефилд Јунајтед и Лестер со Манчестер Јунајтед.