Фудбал
Манчини: Сите одиграа одличен натпревар
Италија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО 2020 и селекторот Роберто Манчини не можеше да го сокрие задоволството по големата победа над Белгија.
– Мислам дека не претрпевме голем притисок во текот на играта. За да се победи тим како Белгија, потребно е сите да одиграат одличен натпревар, и токму тоа се случи. Постигнавме два гола, и можевме да постигнеме и повеќе. Победата е целосно заслужена. Следна е Шпанија, и колку повеќе одиме напред, толку потешко е да се дојде. Сепак, вечерва сакаме да размислиме исклучиво за голема победа – изјави Манчини.
Лоренцо Инсиње, стрелец на феноменалниот гол за 2:0, беше прогласен за играч на натпреварот.
– Мислам дека секој играч во тимот одигра неверојатен натпревар. Постојано се обидував да направам нешто со тој удар, и на натпревари и на тренинг. Мило ми е што влезе. Тоа беше одличен погодок, но ова е победа за сите нас.