Фудбал
Манџукиќ е силно мотивиран пред дуелот во Белград
Марио Манџукиќ ќе го предводи Милан во Белград против Црвена Звезда во четврток.
Така одлучи Стефано Пиоли и тоа ќе биде првпат хрватскиот напаѓач да започне од првата минута откако пристигна во Милано.
Пиоли верува дека Супер Марио ќе донесе агресија во тимот, а не е познато дали ќе биде сам во нападот или како партнер на Златан Ибрахимовиќ.
Во пресрет на натпреварот, тој објави на Инстаграм.
„Она што е добро направено е подобро од она што е добро кажано“, гласеше пораката на искусниот хрватски напаѓач.
View this post on Instagram