Connect with us

Фудбал

Манџукиќ го добива „проколнатиот број“ во Милано, дали ќе ја скрши магијата…?!

Манџукиќ ќе мора да го носи бројот 9, оној „проколнатиот“ на црвено-црните. По Пипо Инзаги, многумина го носеа, но никој не успеа да остави неизбришливи спомени. Од Пато до Лападула, од Дестро до Пиатек, од Матри до Андре Силва, од Луиз Адријано до Игуаин. Останува на Марио да го сруши ова табу. А кој подобро од него може да го стори тоа.

„Ако видам соиграч кој има потреба од помош, се враќам да помогнам. Нема начин да седите мирно 90 минути. Кога победувате, мора да имате интелигенција за да се вратите назад и да го зачувате резултатот. Мразам да гледам играчи кои застануваат на средината на теренот. Дури и ако сте напаѓач, мора да се вратите и да му помогнете на тимот и на соиграчите. Ние, напаѓачите, ако постигнеме гол, не значи дека си ја завршивме својата должност, треба да се жртвуваме и во други задачи, тогаш претставуваме дополнителна вредност за тимот“.

„Верувам дека секој треба да се жртвува за дресот. Направив простор за секој навивач затоа што играм на теренот со иста страст како секој од нив. Навивачите ни судат, тие се тука за тимот. Го почитувам дресот што го носам затоа што токму тоа ме храни. Тоа е како семејство. Подготвен сум да го заштитам моето семејство од сè“, рече Марио Манџукиќ.