Connect with us

Фудбал

Манџукиќ го објави повлекувањето од хрватската репрезентација

Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.

Манџукиќ има 89 настапи и 33 гола во дресот на репрезентацијата, кои стигнаа до историското второ место на Светското првенство во Русија.

„Не постои совршен момент за повлекување од националниот тим, но сребрен медал од Светското првенство ми даде сила да го направам овој важен чекор“, напиша меѓу другото 32-годишниот напаѓач на Јувентус.