Фудбал
Манџукиќ купи стан во Загреб, а сега сите зборуваат за сензационално враќање
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ на крајот на овој месец ќе биде слободен играч бидејќи истекува неговиот договор со Милан.
Манџукиќ пристигна во Милано на почетокот на оваа година како слободен агент, но тој навистина не се наметна на „Сан Сиро“ и остави добар впечаток.
Искусниот напаѓач беше без клуб скоро една година пред да дојде во Милан и беше тешко да се очекува дека може толку брзо да се врати во форма.
Тој одигра само 11 натпревари за „росонерите“ во втората половина од сезоната и не успеа да се запише во листата на стрелците.
Челниците на Милан одлучија да не го продолжуваат неговиот договор и Манџукиќ на крајот на овој месец и официјално ќе биде слободен агент.
Утрово во хрватските медиуми се појавија изненадувачки информации дека 35-годишниот напаѓач може да се врати во Динамо ова лето.
Она што предизвика шпекулации беа информациите дека Манџукиќ купил стан во центарот на Загреб, а многумина тоа го сфатија како најава за неговото враќање во Хрватска.
Неговиот агент не сакаше да ги коментира овие шпекулации, а исто така Динамо не сакаше да зборува на оваа тема.
Медиумите во Хрватска пишуваат дека е тешко да се очекува Манџукиќ да се врати во Динамо бидејќи овој клуб има на располагање тројца напаѓачи, а доаѓањето на Дује Шоп е завршено.
Меѓутоа, ако Бруно Петковиќ го напушти Максимир по еврото, тогаш не е невозможно Динамо навистина да се обиде да го врати Манџукиќ назад. Искусниот напаѓач не сака да ја заврши својата кариера, а останува да видиме каде ќе игра следната сезона.
Манџукиќ играше во дресот на Динамо две сезони со многу успех, а клубот го напушти летото 2012 година кога се пресели во Волфсбург за 13 милиони евра.