Connect with us

Фудбал

Манџукиќ останува во Јуве, но во јануари…

Хрватскиот репрезентативец не беше повикан за натпреварите во лигата на шампионите и беше надвор од тимот во досегашните натпревари од првенството, но сега Марио Манџукиќ би можел да се најде на списокот на тренерот Маурицио Сари, бидејќи според „Дејли меил“, кариерата нема да ја продолжи во Катар, како што се шпекулираше, но веројатно ќе заврши во Премиерлигата.

Хрватот не беше убеден да ја продолжи кариерата во Катар, а како главна причина е наведена сумата од 10 милиони евра за црно-белиот напаѓач. Тоа значи дека со истекувањето на неговиот договор, подготвен е да потпише за еден од големите англиски клубови, најверојатно за Манчестер Јунајтед.