Connect with us

Фудбал

Манџукиќ со јасна порака до Меси и Аргентина

Репрезентацијата на Хрватска во четврток против Аргентина го игра натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство.

Хрватска во првиот натпревар без проблем ја совлада Нигерија, додека Аргентина ги шокира своите навивачи освојувајќи само еден бод против Исланд. За Аргентинците ова е веројатно одлучувачкиот натпревар во кој нема да имаат право на грешка.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина сигурно ќе биде уште еден спектакл на Мундијалот, а во таборот на Хрватска баш и не се загрижени што ќе се играат против Меси. Марио Манџукиќ има искуство во игрите против Меси и кажа дека не се плаши од еден од најдобрите фудбалери на светот.

„Меси? Јас кога ќе излезам на теренот едноставно не познавам никого. Тоа се само противници кои сакаат да ме победат. Тоа не е ништо лично ниту пак чудно, но им давам да ме победат и јас сакам да ги победам. Не му попуштам се додека сум јас на теренот и тоа се однесува на Меси и Аргентина“, кажа Манџукиќ.