Connect with us

Фудбал

Манџукиќ треба да се докаже за нов договор во Милано?

Досега Марио Манџукиќ не го оправда епитетот засилување во Милано.

Хрватскиот напаѓач одигра само 158 минути, и веднаш се најде во проблеми со повредите.

Се чувствуваше дека тој не е целосно подготвен по долга пауза и не играње, а во Милано сè уште не се сигурни кога ќе се врати.

Тој го потпиша договорот на половина година, а се појави информација дека тој автоматски ќе биде продолжен доколку Милан избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Тутоспорт тврди дека ова нема да биде гаранција за хрватскиот напаѓач.

„Игрите ќе бидат решавачки за него кога ќе се врати на теренот. Тој мора да игра добро ако сака да остане. Одлуката ќе ја донесат тренерот Пиоли“, пишува Тутоспорт.