Фудбал
Мане: Воопшто не се гледам себеси како светска ѕвезда
Новиот напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане не се гледа себеси како глобална ѕвезда и покрај успесите што ги постигна досега во кариерата со поранешниот клуб Ливерпул и со репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации.
Луѓето го кажуваат тоа за мене, но јас воопшто не се гледам себеси како светска ѕвезда“, изјави Мане за клупскиот магазин на германскиот шампион.
„Се што ми е важно е да бидам дел од тимот. Моите размислувања се целосно на тоа. Сакам да го покажам максимумот од моите способности, да постигнувам голови, да правам асистенции и да победувам. Тука сум да го дадам целиот свој потенцијал за Баерн Минхен“, коментираше 30-годишниот фудбалер.
„Сите ја знаат суштината на Баерн. Тимот секогаш е на прво место. Тоа е она што го прави Баерн толку посебен. Ја споделувам оваа филозофија и убеден сум дека ова е вистинскиот пат до успехот“, додаде Садио Мане.
Со англискиот Ливерпул, Сенегалецот ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година, а во 2020 година триумфираше во Премиер лигата.
Со репрезентацијата на својата земја, Мане се радуваше на турнирот за Купот на африканските нации и по втор пат беше избран за играч број 1 во Африка.
Сакам да го применам моето искуство на теренот и да му помогнам на тимот да биде уште посилен за да можеме заедно да ги постигнеме нашите цели“, додаде сенегалскиот интернационалец.