Фудбал
Мануел Нојер е најдобриот голман на деценијата
Германскиот голман Мануел Нојер е избран за најдобар голман на деценијата во изборот на Меѓународниот институт за историја и статистика на фудбалот (IFFHS).
Чуварот на мрежата на Баерн Минхен славеше во навистина жестока конкуренција, а зад него се најдоа многу големи имиња во светскиот фудбал.
Според IFFHS, ова се 10-те најдобри голмани во изминатата деценија:
1. Мануел Ноер
2. Џанлуиџи Буфон
3. Тибо Куртоа
4. Уго Ллорис
5. Кејлор Навас
6. Јан Облак
7. Петар Чех
8. Марк-Андре тер Штеген
9. Давид де Геа
10. Икер Касилјас
Навистина вистинска елита во Топ 10.