Фудбал
Мануел Нојер конечно се враќа на теренот
Во средината на септември минатата година, еден од најдобрите голмани во светот, Мануел Нојер го запиша својот последен настап во дресот на баварскиот гигант.
Мануел Нојер во септември минатата година по трет пат ја скрши коска на стапалото, а само што се опорави од речиси идентична повреда. Она што следеше беше долгорочно опоравување и датумот за неговото враќање на теренот неколку пати беше одложен.
Првично, Нојер требаше да се врати во тимот во јануари оваа година, но тоа не се случи. Симпатизерите на германската репрезентација почнаа да се грижат, бидејќи станаа сомнителни дали Нојер ќе биде подготвен за Мундијалот во Русија.
? Tolle Neuigkeiten: @Manuel_Neuer hat die Reise nach Berlin mit angetreten und wird erstmals seit September 2017 im Kader stehen!
Alle Infos ➡ https://t.co/BYdfdJ6ZLa #FCBSGE #Berlin2018 pic.twitter.com/BKOp1fGlXf
— FC Bayern München (@FCBayern) May 18, 2018
Сепак, осум месеци по повредата, Нојер сега конечно се враќа во Баерн. Баварците на нивниот официјалниот профил на Твитер објавија дека Нојер ќе биде во комбинација за утрешниот финале на Купот на Германија против Ајнтрах Франкфурт.
Финалето од Купот на Германија помеѓу Баерн и Ајнтрахт е закажано за утре во 20 часот.