Поврзи се со нас

Фудбал

Мануел Нојер по натпреварот покажа дека е вистински господин

Барселона синоќа доживеа невиден дебакл во Лигата на шампионите затоа што беа понижени од Баерн Минхен со 8: 2.

Баерн успеа да стигне до полуфиналето од Лигата на шампионите полесно отколку што се очекуваше затоа што ја совладаа Барселона со неверојатни 8:2 и со тоа му нанесе еден од најтешките порази во историјата на овој клуб.

Ова синоќа беше дуел и меѓу германските голмани Мануел Нојер и Марк-Андре тер Штеген, кои не се во најдобри односи. Минатата година, Тер Штеген отворено побара да биде првиот голман во националниот тим, додека на крајот Нојер постави ултиматум и ја задржа „единицата“.

Но, голманот на Баерн синоќа покажа дека е одличен господин бидејќи не сакаше да го испровоцира својот сонародник и му пружи поддршка.

„Верувајте ми дека ми е жал за Тер Штеген. Јас само сочувствувам со него. Не е лесно за секој голман кога ќе прими осум гола, иако скоро ниту еден не е негов вина“, изјави Нојер по натпреварот.

Advertisement