Connect with us

Фудбал

Мануел Угарте се сели во ПСЖ за 60 милиони евра

Фудбалерот на Спортинг и уругвајски репрезентативец Мануел Угарте би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, пренесуваат португалските медиуми.

Угарте (22) игра на позицијата среден бек, а во Спортинг пристигна во 2021 година од португалскиот тим Фамаликао за 10,5 милиони евра.

Уругвајскиот фудбалер има договор со клубот од Лисабон до 30 јуни 2026 година. Португалските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сака да ја активира откупната клаузула во договорот на лисабонскиот фудбалер, која изнесува 60 милиони евра.

Угарте сезонава за Спортинг одигра 46 натпревари, додека за репрезентацијата на Уругвај одигра осум натпревари.