Фудбал
Марадона го критикуваше аргентинскиот селектор
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона жестоко го критикуваше селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, по реми натпреварот против репрезентацијата на Исланд (1:1) во Светското првенство.
“Не ги обвинувам играчите, само недостатокот на посветеност. Сампаоли? Тој не може да се врати во Аргентина ако неговиот тим игра вака. Срамота е да не се подготвиш за натпреварот, знаејќи дека Исланѓаните се високи 190 сантиметри”, рече Марадона во изјавата за Аргентинските медиуми.
Легендарниот Марадона не ја обвини првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси за промашениот пенал.
“И јас промашив пет пенали во мојата кариера, па сеуште сум Марадона. Не пропуштија два поени поради промашениот пенал”, заклучи Марадона.
Следниот натпревар на Аргентина во Светскиот куп во Групата Д е против Хрватска во четврток.