Connect with us

Фудбал

„Маракана“ ги спои Дарко Панчев и Драган Џаиќ

Легендите на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Драган Џаиќ и Дарко Панчев вечерва во ресторанот „Маракана“ во Гратски парк прославија во името на утрешниот празник „13 Ноември“, денот на ослободувањето на градот Скопје.

По тој повод, легендите на Црвена звезди утре од 13 часот на помошниот терен на Работнички ќе одиграат ревијален натпревар против најдобрите македонски ветерани.

Организатор на мечот е поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, кој своевремено беше сопственик на женскиот ракометен шампион, Кометал Ѓорче Петров, како и на фудбалските клубови Вардар и Работнички.

Покрај Џаиќ, за белградскиот клуб ќе играат и фудбалерите од славната генерација 1979/80, како Владимир Петровиќ-Пижон, Милош Шестиќ…