Фудбал
Маратонски состанок, но нема оставка на Бартомеу
Раководството на Барселона одржало состанок кој траел неколку часа, а по кој се очекувало оставка од првиот човек Жозеп Бартомеу.
Неколку негови соработници сакале да се повлечат, но токму Бартомеу е причината поради која тоа не се случило.
Но, неговото заминување може да се случи на 1 или 2 ноември кога треба да има референдумско гласање. Сепак, Бартомеу се обидува на секој начин да се спаси и да го истера мандатот до крај односно до март. Па така сака да ја искорости коронакризата, па да влијае врз Кризниот штаб на Каталонија да го одложи гласањето.
Дали ќе успее ќе се знае за неколку дена. За Бартомеу се врзани неколку лоши работи, скандалот со следење на фудбалерите, кавгата со Лионел Меси, но и лошите резултати.
Повторувам дека никогаш не сум размислувал за оставка. Мислам дека сум претседател кој донел највеќе трофеи во историјата на Барселона, а тоа доволно зборува за начинот на кој го водам клубот. Едноставно сметам дека не гледам ниту една причина зашто да си поднесам оставка, изјавил Бартомеу по состанокот.