Connect with us

Други спортови

Мареј: Надал е најголем фаворит, Ѓоковиќ има тешка ждрепка на Ју-Ес опен

Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се најголеми претенденти за титулата на Ју-Ес опен.

Шпанскиот тенисер во моментов е прв на АТП листата и ја брани титулата во Њујорк, а најдобриот сроски тенисер се врати во врвна форма и неодамна го освои Мастерсот во Синсинати.

– Доколку избирам тоа ќе биде Надал. Ѓоковиќ во моментов одлично игра, но ми се чини дека неговата ждрепка е тешка и дека ќе му направи проблеми. Верувам дека еден од нив двајцата ќе ја освои титулата, истакна Мареј.

Британскиот тенисер се наоѓа во истата половина на ждрепката со Надал, додека Ѓоковиќ во четвртфиналето може да се соочи со швајцарскиот тенисер Роже Федерер.