Connect with us

Фудбал

Марез конечно го напушта Лестер, на чекор до потпишување со Манчестер Сити

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез веќе една година се обидува да го напушти Лестер, но тоа некако не му оди од рака.

Марез минатото лето издаде проштално писмо до навивачите на Лестер, но на крајот остана во клубот. Голема драма се случи во јануари, кога Марез со сите сили се обиде да го напушти клубот и да ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити, но лидерите на Лестер не дозволиа.

Сепак, јасно е дека за Лестер ќе биде многу тешко да го задржат Марез ова лето, бидејќи Алжирецот им даде дознаење дека нема шанси да остане. Се чини дека Лестер конечно одлучи да попушти, и според официјалната веб-страница на Манчестер Сити, Марез е многу близу до потпишување за граѓаните.

Сити го цитираше англискиот новинар Симон Џонс, кој тврди дека Англискиот шампион, се договори со Лестер, а Марез во Сити че замине за 75 милиони фунти. Договорот на Сити и Лестер ќе биде објавен во следните неколку дена.