Connect with us

Фудбал

„Марка“: Рамос повеќе направи на трибините, отколку играчите на Реал Мадрид на теренот

Дефанзивниот тандем на Реал Мадрид на гостувањето кај Манчестер Сити го чинеа Рафаел Варан и Едер Милитао. Двајцата одиграа навистина лош меч. Особено ова важи за Варан кој е директен виновник за двата гола на противникот.

На овој меч Зидан не можеше да смета на Серхио Рамос кој беше суспендиран, но сепак бараше да патува со екипата. Мечот го проследи на трибините, а „Марка“ пишува дека тој повеќе сторил на трибините, отколку играчите на теренот.

-Рамос повторно покажа како еден капитен треба да се однесува. Целиот меч го бодреше својот тим и се виде дека му е тешко што не може да игра. Тој со своите совети и бодрењето направи повеќе отколку играчите кои беа на теренот, пишува „Марка“.