Connect with us

Фудбал

Маркизио e на прагот на нов клуб

Италијанскиот играч од средниот ред Клаудио Маркизио е на работ на нов клуб.

Маркизио неодамна го напушти Јувентус, по 25 години во клубот, но според извештаите на медиумите од Италија, тој се договорил со Монако и останува само да потпише.

Маркизио во Монако пристигнува како слободен играч, а освен овој тим за неговите услуги беа заинтересирани Монтреал Импакт, Ница и Марсеј.

Италијанските медиуми известуваат дека Маркизио веќе е во Монте Карло за да го потпише договорот и наскоро би можел да се официјализира.

Инаку, во досегашната кариера само една сезона нема играно во Јувентус и тоа 2008/09 година кога тој беше позајмен во Емполи.

Во Серија А играше вкупно 295 игри и постигна 33 гола со 34 асистенции.