Connect with us

Ракомет

Марко Кобетиќ нов играч на РК Пелистер

Хрватскиот интернационалнец кој игра на позиција среден бек од денес и официјално ќе го носи “зелено-белиот” дрес на Пелистер.

Прекрасната атмосфера која владее кога игра Пелистер во салата Младост бодрена од далеку познатите “Чкембари” и тоа како допринесоа да се одлучам на трансфер во “ракометна Битола” и покрај повеќето понуди од странство кои ги имав на моја адреса – изјави Марко Кобетиќ за клупската фан страна на РК Пелистер непосредно по потпишувањето на договорот со Пелистер.

Кобетиќ во македонската ракометна лига беше оквалификуван како еден од најдобрите средни бекови и најдобар стрелец за неговиот поранешен тим , РК Охрид за кој настапуваше претходните две сезони.

Роден е на 21 декември 1990 година во Сисак каде и ги прави првите ракометни чекори, важно да се напомене е дека од таа ракометна школа на РК Сисак поминале Јаков Гојун , Венио Лосерт како и познатиот хрватски ракометен тренер , Славко Голужа .