Connect with us

Фудбал

Марко ван Бастен со навреди кон Тен Хаг: Идиотски!

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден неуспех, откако викендов на домашен терен загуби со 3:0 од Тотенхем. Коментар за работата на Тен Хаг имаше легендарниот Марко ван Бастен.

-Го гледам Јунајтед и го гледам овој нов играч како се шета наоколу. Тоа е Мануел Угарте, платен 50 милиони евра! Како тој човек така шета низ теренот? Идиотски е како Тен Хаг инвестира во играчи кои воопшто не се добри – изјави Марко ван Бастен.

– Кажи ми барем еден врвен играч во Манчестер Јунајтед. Секој голем клуб има барем еден, но не и Јунајтед. Рашфорд е многу лош. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана е добар голман и тоа е се, но нема кој да го води тимот, вели Ван Бастен.