Connect with us

Фудбал

Марота ги следи Рамзи и Годин

Новиот генерален менаџер на италијанскиот калчо гигант Интер, Џузепе Марота, со големо внимание ја следи ситуацијата околу стандардните првотимци во редовите на Арсенал и Атлетико (М), Арон Рамзи и Диего Годин.

Двајцата на крајот од актуелната сезона ќе имаат статус на слободен игра, а од пред неколку недели е познато дека Рамзи и Годин не планираат да ја продолжат соработката со актуелните клубови. Клучен момент кога се во прашање преговорите со нив двајца ќе биде понудата за годишната плата.