Connect with us

Фудбал

Марсијал ме прашуваше за „тројка“, не можев да му одолеам!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал е незапирлив, не само како напаѓач на теренот, туку и како женкар. По кој знае кој пат младиот Французин е уловен во изневера!

Малика Семиши, 20 – годишната француска манекенка, откри дека Марсијал и испраќал фотографии на кои бил гол и тоа во време додека чекал принова со својата секашна девојка – Мелани Да Круз.

  • Знаев дека неговата девојка е бремена, но замижив на тоа… Ме прашуваше и за групен секс, поточно за „тројка“. Беше исплашен девојка му да не дознае, па затоа моравме да се криеме. Му дозволував се што ќе посака, бидејќи премногу ми се допаѓаше, иако знаев дека тоа не е во ред, откри Малика.

Ова не е прв ваков скандал кога во прашање е брзоногиот фудбалер на тимот од Олд Трафорд. Имено, актуелната девојка Мелани ја запознал додека беше во брак со Саманта Жаклина, со која ја има ќерката Пејтон. Бракот со Саманта се распадна, но не поради Мелани, туку поради тоа што Ентони ја изневерил со трета девојка – Емили Вејдман. Многумина веќе почнаа да го нарекуваат фудбалскиот Казанова!