Фудбал
Мартин Одегард повторно го смени клубот
Златното момче на норвешкиот фудбал, Мартин Одгард, повторно го смени клубот.
По враќањето од едногодишниот заем од Херенвен, Одегард ги помина подготовки со Реал Мадрид, но и оваа сезона нема да биде член на Кралскиот клуб.
Имено, Реал повторно го испрати на заем, но овој пат во тимот на Витесе каде ќе ја помине следната сезона. Одигард минатата сезона одигра 24 натпревари за Херенвен во холандското првенство и постигна два гола со една асистенција.
Инаку, тој дојде во Реал Мадрид од норвешкиот Стромгодсет за околу три милиони евра, додека имал само 16 години, бидејќи бил неверојатен талент. Сепак, се чини дека сега на сите им е јасно дека не е толку добар играч како што беше претставен во Реал.
OFFICIAL: Real Madrid midfielder Martin Odegaard has joined Vitesse Arnhem on a season-long loan. pic.twitter.com/iP06EUiRPy
— Transfer News Central (@TransferNewsCen) August 21, 2018